Линкови за пристапност

ФБИ: Пораст на насилството предизвикано од омраза


Насилството од омраза во САД пораснало за 7 проценти, а инцидентите во кои цели на нападите биле муслимани пораснале дури за 67 проценти

Инцидентите на насилство предизвикано од омраза мината година пораснале од 5,850 случаи, во споредба со 5,479 случаи во 2014-та, стои во ново објавените податоци на Федералното истражно биро (ФБИ).

Додека насилството предизвикано од омраза против муслимани пораснало на 257 инциденти во споредба со 154 во 2014-та година.

На тенденциозните напади против муслимани отпаѓаат 4,4 проценти од инцидентите во 2015-та година.

Насилството против муслимани пораснало на највисоко ниво по нападите на 11 септември, 2001-та година, второ највисоко ниво откако ФБИ почна со собирање на податоци во 1992-та година.

Зголемувањето на нападите кон муслимани продолжило и во 2016-та, за кое муслиманските активисти и експерти велат дека се должи на ислмофобијата, реакција по терористичките напади во САД и Европа и политичката зајадливост за време на претседателската кампања во САД.

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, на чија реторика за време на кампањата и се припишува растот на исламофобијата и криминалот против муслиманите во претходната година, во интервју во неделата ги повика неговите поддржувачи да престанат да ги напаѓаат малцинствата.

ФБИ го дефинира насилството предизвикано од омраза како криминален чин кој целосно или делумно е мотивиран од актуелната или лажната претстава која една група ја има кон друга, како расата, етничката припадност, религија, попречениот, сексуална ориентација, род или родов идентитет.

XS
SM
MD
LG