Линкови за пристапност

Наводно со беспилотно летало убиен висок милитант на Хакани


Наводно со беспилотно летало убиен висок милитант на Хакани
Наводно со беспилотно летало убиен висок милитант на Хакани

Пакистански разузнавачки претставници велат дека американско беспилотно летало во северозападен Пакистан убило висок член на милитантната мрежа Хакани.

Нападот се случил во четврток во Северен Вазиристан и притоа е убиен Џалил Хакани, логистички координатор за групата поврзана со ал-Каида. Најмалку тројца други милитанти биле исто така убиени кога беспилотното летало испукало проектили на место близу главниот град во регионот Миран Шах.

Официјални лица велат дека Џалил бил близок со Сираџудин Хакани, лидер на милитантната мрежа, што наводно е со седиште во Северен Вазиристан.

Неколку часа подоцна, пакистански претставници велат дека во втор напад со беспилотно летало убиени се најмалку тројца милитанти во племенскиот регион Јужен Вазиристан во близина на авганистанската граница.

Нападите се случија во време кога американски специјален пратеник за Пакистан и Авганистан, Марк Гросман, имал разговори со пакистански лидери во Исламабад.

Двете страни ветиле зајакнување на врските во борбата против тероризмот. Премиерот Јусуф Раза Гилани кажа дека соработката мора исто така да се прошири на области како трговија, вода, енергија и инфраструктура. Гросман и пакистанските лидери дискутирале и за ситуацијата во Авганистан.

Разговорите доаѓаат во време на нови тензии меѓу Пакистан и САД.

Минатиот месец, високи американски претставници ја обвинија пакистанската армиска шпионска агенција за помагање на мрежата Хакани да врши напади во Авганистан, вклучувајќи ја и американската амбасада во Кабул.

XS
SM
MD
LG