Линкови за пристапност

Хегел предупредува против претерано потпирање на воена сила


Американскиот секретар за одбрана вели дека САД треба да ги користат сите инструменти на моќ, не само армијата, за предводење на светот против тероризмот.

Американскиот секретар за одбрана наведе листа на буџетски и стратегиски приоритети за Пентагон во, како што рече, пост 9/11 ерата, кога претседателот Барак Обама ја движи државата подалеку од постојано војување.

На официјални лица и стратези собрани на глобален безбедносен форум организиран од Центарот за стратегиски и меѓународни студии тој им кажа дека по 12 години скапи војни во Ирак и во Авганистан, Американците се борат со тенденцијата да се вртат кон себе и да се држат настрана од светските конфликти.

„Вртењето кон себе е исто толку смртоносна стапица колку и надменоста, и ние треба двете да ги избегнуваме во барањето на успешна надворешна политика во 21-от век.“

Одржувањето на лидерството се` повеќе ќе зависи не од нашата сила, туку од почитувањето на нејзиниот лимит и умно распоредување на нашето влијание
Чак Хегел
Таа стратегија се потпира на оперирање со помало присуство на теренот, повеќе зависи од прецизни напади на специјални оперативни сили и беспилотни летала, обука и асистенција за партнерските нации да можат да се справат сорегионални безбедносни предизвици, и ангажирање во повеќе хуманитарни напори.

Хегел кажа дека САД остануваат одговорни за преземање предизвици поставени од недржавни групи, терористи и криминални мрежи.

„Ниедна друга нација нема волја, сила или способност, ниту пак мрежа од алијанси да предводи меѓународна заедница во насока на нивно решавање. Сепак одржувањето на лидерството се` повеќе ќе зависи не од нашата сила, туку од почитувањето на нејзиниот лимит и умно распоредување на нашето влијание.“

Повикот за умно користење на ресурсите доаѓа во време кога Пентагон се соочува со најдлабоки буџетски кратења последниве децении, што изнесува близу трилион долари во следните 10 години.

Хегел вели дека повеќе акцент треба да биде ставен на цивилни инструменти на моќ со армијата во поддржувачка улога при конфронтирањето на заканите и решавање на конфликтите во светот.
XS
SM
MD
LG