Линкови за пристапност

Сенатот гласа по новата легислатива за контрола на оружјето


Амандманите вклучуваат провизија што ќе ги прошири безбедносните проверки на купувачите на оружје

Американскиот Сенат во среда ќе гласа по амандманите за новиот предлог-закон за контрола на оружјето.

Амандманите вклучуваат провизија што ќе ги прошири безбедносните проверки на купувачите на оружје, што се смета за клучна компонента на целиот документ. Амандманот е компромис меѓу демократот Џо Манчин и републиканецот Пет Туми, двајца законодавци кои се за поседување на оружје.

Но, до доцна во во вторникот, сенатските лидери се чини дека беа за неколку гласови покуси од 60-те потребни за поминување. Неколкумина сенатори останаа неопределени, меѓу кои и демократи од сојузни држави кои се наклонети на конзервативната страна.

Поранешната претставничка на Конгресот Габи Гифордс, која беше сериозно повредена во пукање во Тусон, Аризона во 2011, е во посета на Капитол Хил да даде поддршка за компромисниот амандман.
XS
SM
MD
LG