Линкови за пристапност

Македонија побара грчка поддршка за влез во ЕУ

  • Синиша Станковиќ

Македонија побара грчка поддршка за влез во ЕУ

Македонија побара грчка поддршка за влез во ЕУ

Груевски му пиша на Пападемос, барајќи примена на позитивните модели од минатото во поглед на спорот за името.

„Апелирам уште еднаш до вашата Влада, која ужива најширока можна политичка поддршка, да ја искористи оваа уникатна шанса и, во духот на претходно изнесеното, со поддршка на одлука за отворање на преговори за членство на Европскиот совет во декември 2011 година, да ги прошири придобивките од процесот на проширување во нашиот регион“, му пишува македонскиот премиер Никола Груевски, на грчкиот премиер Лукас Пападемос, во пресрет на декемврискиот состанок на Европскиот совет.

Потсетувајќи го новиот грчки премиер на можноста за определување на датум за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ, Груевски ја истакнува својата убеденост дека Грција и Македонија можат да ги применат позитивните модели од минатото, како и реформите спроведени во Македонија, предвидени со Копенхашките критериуми и со претпристапното партнерство. Наведувајќи дека три пати по ред ЕК препорачува почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ, Груевски потенцира дека Грција како „најстара членка на ЕУ од регионот“ и како промотор на „Агендата 2014“ за проширување на ЕУ со земјите од Балканот, „може да даде одлучувачки придонес во ревитализацијата на европските процеси на интеграција на целиот регион“. Според него, „прифаќањето на повеќекратните препораки за отворање на преговори за членство на Македонија во ЕУ ќе и овозможи со голема мотивација да продолжи со социо-економскиот развој, и ќе влијае врз меѓуетничките односи и врз регионалната стабилност“.

Во писмото до грчкиот колега, македонскиот премиер пишува дека е уверен оти прифаќањето на процесот на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение додека трае процесот на преговори за членство, може да инспирира позитивен развој на настаните. Тој го изразува своето цврсто убедување дека таквиот пристап би овозможил соодветна рамка за изнаоѓање и имплементација на заедничко прифатливо решение, засновано на почитување, разбирање и заемен интерес. Груевски му порачува на Пападемос и дека прифаќањето на европската методологија и отворањето на преговори за членство на Македонија во ЕУ, ќе донесе позитивна клима за меѓусебна доверба која е потребна за перманентно решавање на преостанатите билатерални разлики меѓу двете земји, во духот на европската соработка.

XS
SM
MD
LG