Линкови за пристапност

Европа ќе и` даде нова рата помош на Грција


Меѓународните инспектори се согласиле дека мерките преземени од Грција даваат резултати.

Меѓународните инспектори кои решаваат што да се стори за грчката економија соопштија дека постигнале договор, што го отвора патот Атина да ја прими следната рата на пакетот помош.

Во заедничка изјава на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија се вели дека неодамнешните реформски мерки за штедење преземени од страна на Грција изгледа дека се доволни да дозволат исплата на 3,7 милијарди во блиска иднина. Меѓу реформите се повеќе скратувања на работни места во граѓанските услуги.

Грција беше зависна од парите за помош од 2010-та за да не отиде во банкротство. Планирано е да прими околу 350 милијарди долари помош во текот на следните неколку години. За возврат Грција вети дека ќе ја реформира економијата со зголемување на даноците и намалување на трошоците.
XS
SM
MD
LG