Линкови за пристапност

Еврозоната одобри пакет помош за Грција


Tрет таков вид на помош доделен на земјата од почетокот на финансиската криза која започна пред шест години

Претставници од земјите на Еврозната одобрија траншата за Грција во висина од 2,8 милијарди долари.

„Денешната одлука за давање на 2,8 милијарди на Грција е сигнал дека Грците солидно напредуваат во реформирањето на нивната земја,“ се вели во соопштението на директорот на Европскиот механизам за стабилност, Клаус Реглинг.

Дел од најновиот пакет помош од 1,1 милијарда евра ќе биде искористен за сервисирање на постојниот долг и се заснова на успешната грчка имплементација на 15 финансиски услови. Другите 1,7 милијарди ќе бидат искористени за плаќање на различни неплатени долгови.

Реглинг вели дека Грација ги постигнала условите поврзани со реформа на пензискиот систем, контрола на банките и во други области и земјата преземала понатамошни чекори за нови приватизации и да ги направи инвестиционите фондови оперативни.

„Ако владата продолжи да ги имплементира реформите договорени со програмата на Европскиот механизам за стабилност, растот на грчката економија може да забрза следната година и владата ќе може да започне да издава обврзници,“ кажа тој.

Со доделувањето на најновите средства, Грција ќе добие околу 32 милијарди долари од вкупното 86 милијарди долари пакет помош одобрен во јули, 2015-та година.

XS
SM
MD
LG