Линкови за пристапност

Дали Грција ќе излезе од Евро-зоната?


Дали Грција ќе излезе од Евро-зоната?
Дали Грција ќе излезе од Евро-зоната?

И покрај усвоениот план за штедење, земјата ја очекуваат тешки времиња. Што е најдобро, и за Грција, и за ЕУ?

Грчкиот парламент го усвои планот за штедење 40 милијарди долари, што беше услов земјата да добие натамошна финансиска помош од странство. Земјата веќе два дена е парализирана поради генерален штрајк. Деновиве и граѓаните, и аналитичарите се прашуваат: што е најдобро за Грција, но и за ЕУ?

По години на владино задолжување, Грција е во црвено салдо. Соочена со огромен буџетски дефицит и притисок од меѓународната заедница, владата беше принудена да ги зголеми даноците и да го запре недомаќинското трошење. Но, многумина Грци велат дека тоа ги разорува нивните животи.

Бабис Пападимитриу е новинар во грчкиот весник Катимерини коментора дека Грците дури размислуваат и за напуштање од Евро-зоната

„Истите луѓе кои сметаат дека мерките се ригорозни, размислуваат дека ако излеземе од Евро-зоната, ќе нема потеба да штедиме“, раскажува Пападимитриу.

Многу граѓани сметаат дека владата не ги штити нивните права и дека премиерот Јоргос Папандреу носи одлуки во интерес на глобалните сили, додека грчкиот народ страда.

„Ова е игра на глобалната финансиска влада. Сакаат да паднеме на коленици, да не дадеме отпор. Затоа мора да се бориме“ вели еден демонстрант во анкетата на гласот на Америка.

„Не ми се потребни. Сакам да се чувствувам повторно како Гркинка. Јас сум сега Германка, Американка. Не знам повеќе што сум“, додава друга демонстрантка.

Но, настрана од протестите, многу Грци гледаат на новите мерки како неопходност.

“Тоа е добар чекор кон наоѓање заедничка основа со Европската унија, визија кон која треба да се стремат сите Грци. Денес ниту една земја не може да дејствува изолирано“, наведува еден млад Грк во анкетата на Гласот на Америка.

Иднината на Грција во Евро-зоната е во раце на самата земја. Политичарите мора да балансираат меѓу потребите на нивните граѓани и барањата од глобалните партнери, смета аналитичарката Ванеса Роси.

“Во Евро-зоната нема расположение за заминување на една членка. Но, владеат околности во кои ќе биде тешко да се понуди нова помош. Треба да се земат предвид обете нешта“, вели Роси.

XS
SM
MD
LG