Линкови за пристапност

Предлог на Грција во минута до дванаесет


Членките на Еврозоната ќе расправаат за понудениот план на итна телефонска конференција

Презадолжената Грција во последен момент предложи нов план за финансиски спас до своите странски кредитори за да избегне последици поради неисплаќање на долгот. Главните европски финаниски лица, пак, најавија дека ќе го разгледаат предлогот на итна телефонска конференција.

Официјална Атина денес го упати предлогот само на неколку часа пред да истече рокот за уплата на ратата од долгот кон ММФ, иако претходно најави дека нема да изврши уплата.

Не се јасни деталите на новиот предлог, но Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека Владата предлага двегодишна спогодба којашто „целосно би ги покрила“ финансиските потреби на земјата, „со истовремено реструктуирање на долгот“.

Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум кажа дека министрите за финансии на 19-те земји-членки ќе го разгледаат грчкиот предлог на телефонска конференција вечерва. Се` уште не е јасно како тие би можеле да реагираат на грчкиот план.

Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама коментираше дека грчката финасиска криза е „прашање на значителна загриженост“, но повеќе за Европа отколку за САД. Обама не верува дека оваа криза ќе резултира во поголем шок за американската економија.

XS
SM
MD
LG