Линкови за пристапност

Предупредувачките етикети не ги одвраќаат пушачите


Пушачите главно се луѓе со „висока психолошка реактивност“ на што се должи „ефектот на бумеранг“, велат истражувачите.

Нова студија покажа дека ставањето графички прикази за штетноста на пушењето на пакувањето на цигарите, не ги носи очекуваните резултати.

Во списанието Communication Research, истражувачите од Универзитетот во Илиноис велат дека главна причина поради која предупредувањата „многумина ги сметаат за закана за нивната слобода, избор или автономија.“

Главниот автор на студијата, Никол ЛаВоие, вели дека без разлика дали станува збор за пушачи или непушачи, на луѓето не им се допаѓаат таквите слики. Луѓето сметаат дека се манипулирани и се наведени да мислат дека владата премногу се меша во нивните животи.

Истражувачите се фокусирале на 435 студенти на возраст од 18 до 25 години. Пушачи биле 17,5 проценти од групата. Секој учесник добил пакло цигари. Половина од пушачите добиле кутија популарни цигари со графички слики а на останатите им биле дадени кутии цигари со напишани предупредувања за штетноста на цигарите.

Откако ги виделе пакувањата, на учесниците им биле дадени прашалници за реакцијата.

Најсилната реакција била добиена од луѓе со „висока психолошка реактивност“ за што истражувачите велат дека ги прави учесниците „да бидат склони кон негативни мисли кога мислат дека им се наложува што да прават.“

Пушачите во голем дел се лица со висока психолошка реактивност и сликите кај нив создаваат „ефект на бумеранг“, односно да го прават спротивното од она за што се предупредени да не го прават.

Според студијата, земјите во кои графичките слики се употребени, има намалување на процентот на пушачи. Но, ЛаВоие вели дека намалувањето исто така може да биде објаснето со имплементирање на други мерки за престанок со пушење, како покачување на цената на цигарите и забрани за пушење.

XS
SM
MD
LG