Линкови за пристапност

Филип Гордон: Само добро може да произлезе од договор меѓу Македонија и Грција


Помошник секратарот за европски прашања на Стејт департментот кажа дека е во мисија да покаже поддршка за регионот

Помошник секретарот во американскиот Стејт департмент за европски и евроазиски прашања, Филип Гордон, деновиве е во регионот на мисија, како што кажа во интервју за Ал Џезира, да ја пренесе пораката на поддршка за реформите што се во тек и апсолутна увереност дека сите балкански држави треба да се во евро-атлантската заедница.“

На прашањето како гледа на проширувањето на НАТО и на Македонија во тој контекст, Гордон рече дека Македонија е „во уникатна ситуација“:

„За подготвеноста (на Македонија) за членство во НАТО сите членки се согласни и ние тоа го поддржуваме. Но членките на НАТО исто така јасно кажаа дека тоа ќе се случи само кога прашањето со името ќе биде решено спогодбено меѓу двете страни, Грција и Македонија. Ние го поддржуваме тој процес“.

Гордон додаде дека имало разочараност што тоа не се случило пред самитот во Чикаго.

„Мислам дека претседателот Обама ќе беше одушевен да можеше да ја поздрави Македонија во Алијансата во Чикаго. Но тие не постигнаа договор на време“, додаде Гордон.

Со оглед на должината на процесот, помошник секретарот кажа дека е тешко да се каже дали гледа решение наскоро. Но тој кажа дека е свесен за пречките што проблемот ги создава во областа на трговијата и инвестициите, како и во контактите на едниот со другиот народ. Сите знаат дека „на Грција и` се потребни сите можни контакти со соседите, и дека Македонија ќе има корист од стабилноста и инвестициите.“

Само добро може да произлезе од договор, кажа Гордон за Ал Џезира.
XS
SM
MD
LG