Линкови за пристапност

„Ла ла ленд“ со рекорден број „Златни глобуси“


Манифестацијата се одржа синоќа во Лос Анџелес

Синоќа по 74-ти пат по ред, во Лос Анџелес беа доделени наградите „Златен глобус“.

Мјузиклот на Демијан Шазел, „Ла ла ленд“ беше прв во категоријата „мјузикл или комедија“, а „Месечева светлина“ во режија на Бери Џенкинс е прогласен за најдобра драма.

„Ла ла ленд“ со Рајан Гослинг и Ема Стоун во главните улоги, беше на врвот во рекордни седум категории: најдобар мјузикл, режија, сценарио, филмска музика, најдобра нумера, како и за машка и женска главна улога.

„Ели“ во режија на Пол Верховен, е најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а „Зутотопија“ е најдобро анимирано остварување.

Наградата за животно дело „Сесил Б. де Мил“ ја доби Мерил Стрип. Таа за време на свото обраќање го критикувуше новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Оваа актерка се повика на говорот на Трамп во 2015-та година, во којшто тој со потсмев имитирал новинар со посебни потреби.

„Непочитувањето поттикнува непочитување, насилството поттикнува насилство. А кога моќните луѓе ги користат своите положби за да ги малтретираат другите, сите ние губиме“, рече Стрип.

Според „Њујорк тајмс“, Трамп во телефонски разговор изјавил дека не го гледал говорот на Мерил Стрип, ниту доделувањето на наградите, но додал дека „не е изненаден“ од нападот на „либералните луѓе од светот на филмот“.

XS
SM
MD
LG