Линкови за пристапност

Инвеститорите мислат дека златото станува помалку атрактивно како инвестиција

Цената на златото паѓа со очигледното мислење на инвеститорите дека глобалните економски трендови го прават овој скапоцен метал помалку атрактивен како инвестиција.

Златото падна под 1.400 долари за унца во понеделник, далеку под највисоката цена на сите времиња од 1.900 долари забележана во Август 2011. Во тоа време, некои аналитичари предвидуваа дека цената ќе достигне брзо над 2.000.

Последните денови цената нагло падна, за 5 проценти во петокот, и уште 8 проценти во понеделник.

Златото често се купува како заштита од инфлација, за заштита на богатството. Цените на среброто, платината и паладиумот исто така паднаа изминатите денови.
XS
SM
MD
LG