Линкови за пристапност

Џенерал Моторс отповика уште 2,4 милиони возила


Вкупно годинава ЏМ отповика 15 милиони возила од различни причини.

Најголемиот американски производител на автомобили, Џенерал Моторс, отповика уште 2,4 милиони возила, овој пат заради дефекти на безбедносниот појас на седиштата и на трансмисионата оска на автомобилите, спортските утилитарни возила и камионите.

Отповикувањето во вторникот ги доведе отповикувањата на ЏМ од цел свет за оваа година на над 15 милиони возила.

ЏМ е определен да направи поправки во вредност од 1,7 милијарди.

Американските безбедносни регулатори ја казнија компанијата со 35 милиони долари минатата недела заради бавните напори да извести за проблемите со палењето на моторот, што беше поврзано со 13 смртни случаи. Тоа беше најголемата казна што може да се изрече според сегашниот закон.

ЏМ е втор во светот по големина производител на автомобили, зад јапонската Тојота Мотот Корпорација.
XS
SM
MD
LG