Линкови за пристапност

Кина до Трамп: Ние не го измисливме глобалното затоплување


За време на кампањата, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп „концептот на глобалното затоплување“ го нарече измама создадена од Кина за да им наштети на американските бизнис интереси.

Кинескиот заменик министер за надворешни работи, Лиу Шенмин по разговорите во Маракеш, Мароко кажа дека американските претседатели Ронлад Реган и Џорџ Буш пред неколку декади зборувале за борбата со климатските промени без да ја известат Кина за тоа, така да не постои можност дека Кинезите го измислиле концептот.

Трамп се`уште не одговорил на коментарите на Шенмин.

XS
SM
MD
LG