Линкови за пристапност

До 2030-та - 22,2 милиони болни од рак


Според Меѓународната агенција за истражување на ракот со седиште во Лион, Франција, бројот на лица болни од рак ќе порасне од сегашните 12,7 милиони нови случаи во 2008-та година, на 22,2 милиони до 2030-та. Проценките се базирани на анализите на економските и социјални трендови во 184 земји во светот.

Организацијата собирала податоци за девет од највообичаените дијагностицирани видови на рак, како ракот на отворот на матката, црниот дроб, рак на дојка, простата, бели дробови и рак на дебелото црево. Во студијата се заклучува дека намалувањето на бројот на заболени од рак, причинет од инфекции во земји со средни примања, како рак во стомачната област или отворот на матката, се чини дека е брзо надминат од зголемувањето на бројот на заболени од рак на дојка, дебело црево и простата, додека земјите стануват попрозападно ориентирани.

Тед Тримбл е директор на Центарот за глобално здравје на Американскиот национален институт за рак. Тој истакна дека истражувањата на агенцијата не биле изненадувачки земајќи ја предвид присутноста на нездрава храна во земјите со средни примања.

Во земјите од суб-сахарска Африка, Тримбл додава дека е особено важно да се воведат вакцини за превенција на инфекции што водат кон појава на рак.

Според овој експерт, потребно е и соодветна едукација на јавноста воопшто. Во Кина на пример, 80 проценти од мажите пушат, што претставува огромен ризичен фактор за појава на рак на белите дробови.

Тримбл додава дека од суштинско значење е и соработката со здравствените организации, невладините групи и самите држави во подобрувањето на пристапот за рано дијагностицирање и третман.
XS
SM
MD
LG