Линкови за пристапност

Германија предупредува од растечка ксенофобијата во источниот дел на земјата


Нападите и инцидентите, особено со напливот на мигрантите, го рушат имиџот на Германија како место погодно за бизнис

Растечката ксенофобија и десничарскиот екстремизам во поранешниот комунистички дел на источна Германија, може да биде закана за мирот и да ја сруши сликата за Германија како погодно место за отпочнување бизнис, стои во нов извештај на германската влада, чија цел е да го поттикне граѓанскиот сектор да застане против анти-миграциските активности.

При објавувањето на извештајот во Берлин, комесарот за источно-германски прашања, Ајрис Глајк, кажа дека потребна е одлучна акција на Владата, државите, општините и граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди мир во Источна Германија.

Според извештајот, поголем број од нападите се случуваат во источна Германија. Имено, регистрирани се 58,7 случаи на насилство, поттикнати од десничарите, за разлика од западниот дел, каде во просек се регистрираат 10,5 случаи.

Глајк предупредува дека „десничарскиот екстремизам во сите негови форми, претставува сериозна закана за социјалниот и економски развој“ во источниот дел на државата.

„Таквите нелиберални средини се соочуваат со економски недостатоци“, вели таа, додавајќи дека општеството не треба да остане слепо, кога се случуваат напади, или кога се палат бегалски кампови.

Претходно, годишниот извештај главно се фокусираше на индустриската обнова на регионот, кој економски заостануваше споредено со Западот и се соочи со бран иселувања, особено на млади луѓе кои наоѓаа работа на Запад.

Во услови кога напливот на мигранти во 2015-та година беше проследен со лутина и напади врз барателите на азил во повеќето региони во источниот дел на Германија. Токму затоа, годинава, ксенофобијата е потенциранa како главна грижа оваа година.

Според владините податоци објавени во јуни годинава, во 2015-та биле регистрирани 1,408 насилни напади од страна на десничарските поддржувачи, што е пораст за преку 42 отсто споредено со 2014-та година, како и 75 подметнувања на пожари во бегалските кампови.

Минатогодишната одлука на Германија да прими над 1 милион бегалци, го зголеми бројот на поддржувачи на партијата со анти-имигрантска политика, Алтернатива за Германија, којашто предизвика лавина критики за отворената политика кон бегалците на канцеларката Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG