Линкови за пристапност

Над еден милион регистрирани мигранти во Германија


Бројката на влез на мигранти во земјата е за пет пати поголема од 2014-та

Германија соопшти дека речиси 1,1 милион луѓе се регистрирани како мигранти на нејзините граници минатата година, a 428.468 се од Сирија. Сиријците бегаат од насилството во земјата и се најголема група државјани од една земја меѓу мигрантите кои доаѓаат во Германија.

Следни се бегалците од Авганистан со регистрирани 154.046 мигранти во Германија и од Ирак - 121.662.

Германија изјави дека бројот на годишни пристигнувања на мигранти во земјата е за пет пати поголем од 2014.

Властите во вторникот пронајдоа тела на најмалку 36 мигранти, меѓу кои и неколку деца, кои се удавиле откако нивните чамци се превртеле при обидот да стигнат до грчкиот остров Лезбос.

Дванаесет мигранти се спасени.

Не е во моментов познато колку чамци се потонати, но новинската агенција Доган објави дека станува збор за најмалку два одделни инцидента.

Најсмртоносните трагедии досега пријавени од Егејското Море во 2016 година се случуваат во време кога ЕУ се обидува да ѝ помогне на Турција да се запре протокот на мигранти преку нејзините граници во замена за финансиска помош.

Околу 850.000 мигранти и бегалци влегле во Грција минатата година со помош на шверцери на кои им платиле да ги превезат од Турција со несоодветни чамци.

XS
SM
MD
LG