Линкови за пристапност

Германското обвинителство обвини помошнк на европски пратеник за шпионирање за Кина


Кина ги нарекува наводите обид за „оцрнување“.
Кина ги нарекува наводите обид за „оцрнување“.

Германското обвинителство соопшти дека помошник на германски пратеник во Европскиот парламент бил уапсен под сомнение дека шпионирал за Кина.

Обвинителите го идентификуваа човекот само како Џијан Г., во согласност со германските закони за приватност, и рече дека тој постојано предавал информации за преговорите на Европскиот парламент до кинеската разузнавачка служба.

Човекот шпионирал и кинески опозиционери во Германија, соопштија обвинителите.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека обвинението е обид „да се оцрни и потисне Кина и да се уништи атмосферата на соработка меѓу Кина и Европа“.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ги нарече обвинувањата „исклучително сериозни“.

„Ако се потврди дека имало шпионирање за кинеското разузнавање од внатрешноста на Европскиот парламент, тогаш тоа е напад одвнатре врз европската демократија“, рече Фезер во изјавата.

Откако повеќе медиуми го идентификуваа обвинетиот како помошник на Максимилијан Кра од екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, партискиот портпарол ги нарече наводите за шпионирање „многу вознемирувачки“.

„Бидејќи немаме дополнителни информации за случајот, мора да почекаме дополнителни истраги од федералните обвинители“, се вели во соопштението на партискиот портпарол Мајкл Пфалцграф.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG