Линкови за пристапност

Дискусија во Германскиот Маршалов фонд: „Патот напред: интеграција на Балканот во ЕУ“


Препораки за поголем ангажман на ЕУ и САД на Западниот Балкан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Извештајот на Советодавната група на Фондот констатира статус-кво и нуди препораки како да се надмине.

Статус-квото на Западниот Балкан е главната мотивација да се изработи извештајот, според учесниците на дискусијата во Вашингтон, на тема „Патот напред: интеграција на Балканот во ЕУ“. 11 години по Самитот во Солун од 2003-та, само Хрватска стана дел од европското семејство и сега практично нема апетит за проширување, истакнаа експертите.

Ведран Џихиќ, професор на Универзитетот на Виена во Австрија и член на Советодавната група, гледа ваква опасност: „Ова може да и` дозволи на политичката елита во Македонија, во Србија, Црна Гора или Босна, да продолжи да го контролира режимот на авторитарен начин, а истовремено да проповеда демократија“.

Вели, тоа го тестира трпението на граѓаните, и препорачува: „Потребна е коалиција на добра волја со САД и одредени земји од ЕУ. Целта - притисок врз политичките лидери со ист интензитет како оној врз Србија и Косово, за да ја дозавршат работата на Западниот Балкан. Тоа би можеле да бидат Австрија, Хрватска, Германија до одреден степен, дури и некои скандинавски земји. Следствено, потребна е коалиција и помеѓу меѓународната заедница и граѓаните“.

Флоријан Бибер од Центарот за студии на Југоисточна Европа дефинира дека три прашања и натаму го попречуваат процесот на проширувањето: „Блокирање на реформскиот процес во Босна, веќе осум години наназад. Потоа, клучно прашање е проблемот со името меѓу Македонија и Грција - нешто што креира негативна динамика во Македонија, како национализам, тенденции за авторитаризам и тензии во меѓуетничките односи. Трето, релацијата Србија и Косово. Иако со напредок, Косово и натаму се соочува со препреки“.

Томас Јазгерди, директор на Канцеларијата на Јужна и Централна Европа во Стејт департментот, е согласен дека ентузијазмот од 2003-та - наваму е опаднат и дека препораките во овој извештај се валидни, но понуди оптимизам и ја нагласи досегашната успешна соработка меѓу ЕУ и САД во регионот. Босна и Македонија ги издвои како мошне тешки прашања, особено Босна.

„Со случувањата во Украина и со ИСИЛ, тешко е да се фокусираме на регионот. Сепак, намера, постои“, подвлече американскиот дипломат.

Ако не може демократијата и стабилноста да се донесат на Балканот, тогаш каде? - заклучија учесниците.

XS
SM
MD
LG