Линкови за пристапност

Полицаецот од Фергусон без обвинение


По соопштението избувнаа протести во Фергусон, на што полицијата одговори со солзавец и ќорци.

Голема порота во американската држава на средниот запад Мисури реши да не го обвини белиот полицаец кој убил невооружен црн тинејџер за време на улична конфронтација пред речиси четири месеци.

Општинскиот обвинител на Сент Луис Роберт МекКалок доцна во понеделникот соопшти дека големата порота не нашла веродостојна причина да покрене обвинение против Дарен Вилсон. Тој беше полицаецот во Фергусон кој фатално го застрелал Мајкл Браун на 9-ти август.

По соопштението избувнаа протести во Фергусон, на што полицијата одговори со солзавец и ќорци за да ги запре демонстрантите, од кои некои напаѓале полициски возила и ограбувале локални бизниси. Нема извештаи за жртви.

Демонстрации се одржаа и во многу други сојузни држави низ Америка.

Августовскиот инцидент создаде тензии во главно црнечката населба на Сент Луис во која патролираат претежно бели полицајци. Нереди имаше во ноќта по пукањето, кога полицијата одговори со блиндирани возила и солзавец.

По соопштението, семејството на Мајкл Браун даде изјава дека е „длабоко разочарано“. Адвокатите на Дарен Вилсон кажаа дека големата порота се согласила дека акциите на полицаецот биле во согласност со законите и регулативата која се однесува на полициските процедури.

Во изјава од Белата куќа претседателот Барак Обама ги повика Американците да „прифатат дека оваа одлука била на големата порота да ја донесе“. Тој кажа дека некои може да се „длабоко разочарани, дури и лути“ на одлуката, но ги повика протестантите да да се воздржат од насилство.

XS
SM
MD
LG