Линкови за пристапност

Генеологијата – индустрија што цвета


Информациите за семејното минато сега се лесно достапни на интернет, со милиони луѓе ангажирани во активноста.

Две организации што се занимаваат со обезбедување информации за семејната историја, неодамна склучија договор што би обезбедил глобален пристап до податоците за генетиката.

Ancestry.com е Интернет-компанија, а FamilySearch.org е непрофитна група. Заедно, планираат на Интернет да објават една милијарда генетски податоци, што ќе вклучуваат години на раѓање, брак, смрт и имиграциони прашања што своевремено не беа достапни на Интернет.
Овој договор практично е резултат на се` поголемите напори за задоволување на потребите на сите заинтересирани да дознаат повеќе за своето минато.

Генологијата всушност стана глобален феномен.

Според истражувачката компанија Глобал индустри аналисис, во светот постојат преку 80 милиони професионални и аматерски генеолози. Таа предвидува дека до 2018 пазарот за генетски производи и услуги ќе достигне 4,3 милијарди долари, што е двојно повеќе од минатата година.

Експертите велат дека причината за постоење на вакви датотеки лежи во олеснувањето на процесот на пребарување и тоа што тој е финансиски достапен. Исто така, ова е најголема база на податоци досега поврзана преку технологијата, и сите заинтересирани сега се поврзани и практично ја користат за меѓусебно комуницирање.

Во моментов постојат околу 10.000 веб-страници за откривање на минатото, вклучувајќи и многу блогови.

Експертите додаваат дека интересот за семејното минато сега е присутен кај луѓе од различни социоекономско и демографско минато, како и тоа дека многумина дури на 20, 30 и 40-годишна возраст покажуваат интерес.

Повеќе од луѓето заинтересирани за генеологијата практично живеат во земји што низ годините прифатиле бран на имигранти. Меѓу нив се САД, Канада, Аргентина и Бразил. Западна Европа исто така е голем корисник на продуктите и услугите на генеологијата.
XS
SM
MD
LG