Линкови за пристапност

Гадафи ги поттикнува жителите да го исчистат Триполи од бунтовници


Гадафи ги поттикнува жителите да го исчистат Триполи од бунтовници
Гадафи ги поттикнува жителите да го исчистат Триполи од бунтовници

Либискиот лидер Моамар Гадафи ги поттикна жителите на главниот град Триполи да го исчистат градот од бунтовници, откако опозиционите борци влегле во резиденцијата, замајќи оружје, телевизори и сувенири од локацијата.

Во порака емитувана во среда, Гадафи исто така рекол дека дискретно излегол во Триполи без да биде виден, но не кажал кога тоа се случило.

Провладин телевизиски канал го цитирал Гадафи нешто порано, како рекол дека заминал од резиденцијата во Баб ал-Азизија во „тактички потег“ по десетина напади на НАТО на локацијата. Ал-Раи ТВ во среда известила дека Гадафи се обратил на Либијците на локална радио станица, велејки дека дал завет на мачеништво или победа во неговата борба против, како што ја нарекол, агресијата на НАТО.

Жителите на Триполи рано во средата славеа откако бунтовниците упаднале во Баб ал-Азизија и покрај ненаоѓањето на ниеден од семејството на лидерот.

Упадот дојде по три дена борби во Триполи што првиот човек на бунтовниците од Транзициониот национален совет Мустафа Абдел Џалил, кажа дека оставиле повеќе од 400 мртви и две илјади ранети. Тој не специфицираше дали зборува за двете страни.

Џалил на француската телевизија 24 кажа дека околу 600 борци лојални на Гадафи биле фатени, но дека битката не е завршена додека самиот либиски лидер не е ставен во затвор. Новиот армиски шеф на бунтовниците во Триполи Абдел-Хаким Белхаџ доцна во вторникот кажа дека мала област на пространиот имот на Гадафи се` уште е под владина контрола.

Бунтовничкиот де-факто премиер Махмуд Џибрил во среда треба да се сретне со францускиот претседател Николас Саркози, чија канцеларија соопштила дека тие ќе разговараат за ситуацијата во Либија и меѓународните напори за поддршка на политичката транзиција.

XS
SM
MD
LG