Линкови за пристапност

Контроверзно 42-годишно владеење на Гадафи


Контроверзно 42-годишно владеење на Гадафи
Контроверзно 42-годишно владеење на Гадафи

Моамар Гадафи, чие владеење се чини дека привршува, е лидер од арапскиот свет кој најдолго служел како шеф на држава. Дошол на власт во 1969, кога со пуч го соборил монархот на државата, Кралот Идрис.

Полковникот Гадафи добил репутација на ексцентрик, кој се облекува во долги носии и животинска кожа и се опкружува со жени како телохранители.

Етикетиран како „луто куче на Блискиот исток“ од страна на американскиот претседател Роналд Реган, либискиот лидер привлече внимание со неговите често контроверзни политички одлуки.

Тој поддржа голем број револуционерни движења во светот, вклучувајќи ги Чад и Иран. Тој беше обвинуван за спонзорирање на исламистички милитантни групи и терористички напади.

Во 1986, американскиот претседател Реган нареди воздушни напади во Либија заради наводната инволвираност на владата на Гадафи во бомбашкиот напад на германски ноќен клуб во кој беа убиени двајца американски војници. Усвоената ќерка на Гадафи загина во американскиот напад.

Само две години подоцнаЛибија беше обвинета за бомбашкиот напад на летот на Пан Ам 103 врз шкотскиот град Локерби, во кој загинаа 270 лица. Гадафи призна одговорност за нападот од 2003-та и се согласи да им плати на семејствата на жртвите повеќе од две милијарди за компензација.

Истата година либискиот лидер се согласи да го осуди тероризмот и оружјето за масовно уништување, расчистувајќи го патот за кревање на американските и европските санкции поставени по бомбашкиот напад на германската дискотека и за повторно востановување на дипломатски односи. ОН исто така ги симнаа санкциите што беа во врска со бомбашкиот напад над Локерби.

Но, добрата волја не траеше долго. Гадафи се бореше против големо народно востание што започна во февруари да остане на власт. Тој беше под огромен меѓународен притисок да се симне од власт откако со тешко насилство се спротивстави на востанието. Владиното задушување на протестите поттикна нови меѓународни санкции против Либија, и во март НАТО започна воздушна кампања против силите на Гадафи под мандатот на ОН за заштита на либискиот народ.

Гадафи е роден во 1942 во бедуинско семејство во либиската пустина, а дипломирал на Универзитетот на Либија и станал армиски офицер.

Помалку од деценија откако ја презел контролата врз државата на возраст од 27 години, тој измислил систем на владеење наречен „Џамахирија“, што на арапски значи „држава на масите“. Теоретски, тоа е систем што треба да биде раководен од народни комисии, со Гадафи на функција со назив „Братски лидер и водач на револуцијата“. Но во реалноста, тој ги уништил оние кои не се согласуваат со него и наводно преживеал неколку обиди за атентат.

Гадафи бил силен поборник на идеологијата за арапско единство како Пан-Арабизам, и ги предводел Пан-африканските напори за обединување на африканските нации.

XS
SM
MD
LG