Линкови за пристапност

Американскиот претседател Барак Обама мирот во Северна Ирска го нарече „матрица“ за оние кои живеат во зони на конфликт во светот.

За време на обраќањето во понеделник пред млада публика, Обама кажа дека „мирот може да резултира од преговори меѓу лидери, но неговата судбина зависи од вас.“

Американскиот претседател пристигна во Белфаст во понеделник со ноќен лет од Вашингтон. Тој ќе присуствува на самитот на Г8 во понеделник и вторник, на кој најверојатно ќе доминира одлуката на САД да ги вооружат сириските бунтовници.

Самитот, што се одржува во одмаралиште во Северна Ирска, ќе ги собере лидерите на најголемите светски економии.

Обама во понеделник наутро, пред самитот, се среќава со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Американскиот лидер исто така планира во понеделник да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на разговори за сирискиот конфликт. Рускиот лидер ја поддржува владата на напаѓаниот сириски лидер Башар ал-Асад.

На самитот на Г8 исто така ќе се расправа за напорите за поттикнување на забавените светски економии.
XS
SM
MD
LG