Линкови за пристапност

Економиите во развој под притисок на Г20


Затегнувањето на американската монетарна политика се заканува да се одрази на берзите и да ги ослабе економиите на членки на групата

Додека најголем дел од вниманието на светот за време на самитот на Г20 ќе биде фокусиранo на Сирија, економското опоравување останува приоритет на развиените држави кои се соочуваат со тешкотии додека САД полека се ослободуваaт од своите мерки за стимулирање на економијата.

Дводневната средба во Санкт Петерсбург е со намера да се посвети на прашањата за работни места и глобалниот економски растеж, и да им помогне на економиите да останат во позитива во време кога САД ги креваат каматните стапки.

Затегнувањето на американската монетарна политика се заканува да се одрази на берзите и да ги ослабе економиите на членки на Г20 како Бразил, Индија, Индонезија, Турција и Јужна Африка.

Лидерите на некои од овие нации сакаат да обезбедат САД да се координираат со другите нации кога ја ревидираат својата финансиска политика.

Друго прашање на маса е регулацијата на не-банкарските финансиски институции кои се справуваат со хеџ-фондовите и на пазарите на пари.

Некои активисти исто така ја издвојуваат Русија за критикувањето на нејзиниот закон за хомосексуална пропаганда и препукувањето со САД во врска со усвојувањето на руски деца од страна на Американци.
XS
SM
MD
LG