Линкови за пристапност

Почина британскиот новинар Дејвид Фрост


Стекна меѓународна слава по серијата провокативни интервјуа со поранешниот американски претседател Ричард Никсон.

Познатиот британски новинар Дејвид Фрост, кој стекна меѓународна слава по серијата провокативни интервјуа со поранешниот американски претседател Ричард Никсон, почина на 74 годишна возраст од срцев удар.

Неговото интервју од 1977 година донесе прво официјално жалење на поранешниот претседател Никсон за постапките по скандалот Вотергејт, што три години пред тоа го натера да замине од функцијата.
XS
SM
MD
LG