Линкови за пристапност

Сара Репуци: Загрижени сме за целиот Западен Балкан, особено за Македонија


Гласот на Америка разговараше со директорката на проектот на Фрисом Хаус за слобода на медиумите

Македонија од делумно слободни, падна во групата на земји кои не се слободни земји, покажува најновиот извештај на Фридом хаус.

Гласот на Америка побара мислење од директорката на проектот, Сара Репуци.

„Европската Унија, како дел од процесот на проширувањето треба да застане цврсто на своите вредности и да не и` даде на Македонија зелено светло во тој процес, и владата да престане со нелегалното прислушување.

Скандалот со масовното прислушувањето откриен од страна на опозицијата, довел до „зголемена само-цензура и поларизација“. „Загрижени сме за целиот Западен Балкан и посебно во Македонија за владиното мешање и поларизација во медиумите“, рече Репуци.

Според Фридом Хаус, само еден на секои седум луѓе во светот, живее во држава каде што политичките вести се застапени сеопфатно, безбедноста на новинарите е загарантирана, мешањето на државата во работата на медиумите е минимална, и медиумите не се изложени на правни и економски притисоци.

XS
SM
MD
LG