Линкови за пристапност

Натамошно влошување на состојбата со медиумите во Македонија


Според Карин Карликер од Фридом хаус, во разговорот за Гласот на Америка.

Карин Карликер, директорка на проекти за слободата на медиумите при Фридом хаус, во кусиот разговор за Гласот на Америка претстави поразителена слика за состојбата со медиумите во Македонија, според денеска објавениот глобален извештај на организацијата.

Таа регистрира натамошно влошување на ситуацијата во 2012-та: „Македонија сега им 56 поени на скалата од 0 до 100 и во моментов е рангирана како една од најлошите земји на Балканот“.

Колку може да опстои независното новинарство во актуелната клима во Македонија? Карликер коментира: „Генерално, политичката состојба е мошне поларизирана и тоа се одразува на медиумите. Во тој контекст, просторот за балансирано известување дефинитивно се скуси со затворањето на многу независни и опозициони медиуми. Има мал простор, но и тој дефинитивно се затвора. Во Македонија станува потешко за независните новинари да си ја вршат работата и тоа посекако не` загрижува“.

Бидејќи извештајот ги опфаќа само настаните од 2012-та, не бил разгледана истрагата за загинувањето на новинарот Никола Младенов, но Карликер наведува дека Фридом хаус генерално е загрижена за начинот на кој властите постапуваат во такви случаи.

Каков закон за медиуми и` треба на Македонија, со оглед дека нема заеднички јазик меѓу новинарите и владата? Карликер вели: „Ние заговараме подобрена саморегулирачка средина во која проблемите кои политичарите и другите ги имаат со новинарското известување би можеле попрво да се разрешат од медиумски совет, саморегулирачко тело или арбитража, отколку со закон за клевета со високи казни“.
XS
SM
MD
LG