Линкови за пристапност

Фридом хаус: Слободата во светот опаднала во 2013-та


Macedonian

Macedonian

Македонија според најновиот извештај останува во групата на делумно слободни држави со оценка 3 на скалата од 1 до 7

Про-демократската група Фридом хаус вели дека нивото на слобода во светот опаднало минатата година, и повеќе од половина од светската популација живее во области кои се само делумно слободни или сосема неслободни.

Групата се седиште во Вашингрон го објави годишниот извештај во четврток, оценувајќи 195 држави и 14 територии врз основа на политичките права и граѓански слободи.

Македонија според најновиот извештај останува во групата на делумно слободни држави со оценка 3 на скалата од 1 до 7, каде најдобра оценка е 1, заедно со Хрватска, Србија и Црна Гора од регионот, додека Албанија и Босна и Херцеговина се во групата на транзициони влади и хибридни режими.

Инаку, поголем дел од државите на Европа покажуваат почитување на демократските стандарди и граѓански слободи, вели извештајот, дури и покрај тоа што многу се соочуваат со понационалистичко расположение како одговор на напливот на имигранти. Сепак, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган покажал зголемени авторитарни тенденции, вклучувајќи задушување на демонстрации во Истанбул и кампања против критични гласови во медиумите. Најголемо подобрување во Европа имало во Италија, каде политичките права се зголемиле благодарение на слободните и фер национални избори и подобрувања во антикорупциската средина на државата. Опаѓања според критериумите на Фридом хаус кај европските држави нема.

Кршењето на правата и борбите во Сирија и репресијата во Саудиска Арабија ги стави двете држави меѓу 10-те најмалку слободни држави. На Блискиот исток извештајот вели дека 83 проценти од луѓето живеат во држави оценети како „неслободни“.

Авторот на извештајот Арч Падингтон кажа дека владите когистат средства што не се насилство за оневозможување на слободите.

„Политичките елити не секогаш треба да употребуваат насилство. Тие не мора да ги стават луѓето до ѕид, но сепак да ја контролираат политиката и да ја маргинализираат политичката опозиција.“

Евроазискиот регион исто така е рангиран како еден од најмалку слободните региони, со повеќе од три од четири лица кои живеат на места рангирани како „неслободни“. Извештајот посочува на зголемено гонење на малцинските групи, како хомосексуалците, во Русија, како и задушувањето на слободата на медиумите во Украина.

Во Африка, извештајот е мешан. Фридом хаус забележува напредок во Мали, Руанда и Зимбабве, но значително опаѓање во Уганда и Централната Африканска Република и Јужен Судан.

Извештајот вели дека Кина станала понетолерантна во 2013-та преку целење на говорот на Интернет и затварање на активисти. Пакистан добил поттик преку изборите, но има опаѓање на слободите во Авганистан, Бангладеш и Шри Ланка.

Извештајот вели дека 2013-та била осма последователна година во која нивото на слобода во светот опаднала.
XS
SM
MD
LG