Линкови за пристапност

Како што соопшти неговото семејство, причина за смртта на поранешниот американски сенатор и актер била лимфома.

Седумдесет и три годишниот Томпсон почина во неделата, откако повторно му се јавила лимфомата. Тој беше сенатор од сојузната држава Тенеси од 1994-та до 2003-та година.

Се кандидираше за претседател на изборите во 2008-та година, но излезе од трката за номинација. Таа година, претседателски кандидат од редовите на Републиканската партија беше Џон Мекејн.

Томсон имаше долга кариера во Тенеси и Вашингтон како адвокат, вклучувајќи го и делот кога беше правен застапник на малцинството во советот при Сенатската комисија којашто водеше истрага за аферата „Вотергејт“ во времето на претседателствувањето на Ричард Никсон.

Фред Томсон стана познат холивудски актер, особено откако го толкуваше сопствениот лик во филмот „Мари“ од 1985-та година, базиран на случајот во кој тој е поткажувач, изложен на владина корупцијата во Тенеси. Томсон долги години беше дел и од популарната ТВ-серија, „Ред и Закон“.

Воедно имаше улоги во филмовите „Умри машки 2“ „Без излез“ и „Денови на татнеж“.

XS
SM
MD
LG