Линкови за пристапност

Франција -локомотива на одбранбената инфраструктура на ЕУ


Британија стравува дека е оставена назад по отворањето на Команден центар и основањето на безбедносен фонд

Европската безбедносна политика се наоѓа на крстопат. Загрозен од руската агресија во Украина и исламистичката закана на јужната и источната граница, блокот е на чекор да изгуби една од членките со најголема воена моќ, вели Едвард Лукас од магазинот Економист:

„По Брегзит, Франција ќе стане најважната воена сила во континентална Европа. Мислам дека тоа ќе се одрази и во европските безбедносни договори.“

Во моментов, во Северна Африка против исламистите се борат 4.000 француски војници.

Претседателот Емануел Макрон сака сојузниците од ЕУ да сторат повеќе. Во говор при посетата на француските сили во Мали минатиот месец, тој рече дека сака да ги зајакне европските партнерства, особено со Берлин, и да обезбеди поголем германски ангажман.

Но германската канцеларка Ангела Меркел не сака европската безбедност да биде поврзана со француско-германски воен сојуз, вели Лукас.

Европската унија создава Команден центар и фонд за одбрана од 560 милиони долари, како дел од новата заедничка одбранбена политика. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, вели дека тоа е надградба на постојните воени структури:

„Ние не сугерираме на било кој начин замена, дупликат или конкуренција со НАТО. Тоа треба да биде јасно.“

НАТО распореди неколку илјади војници во Источна Европа за да ја одврати Русија и Европската унија не може да биде замена, вели Михаел Волфсон од Универзитетот на германските вооружени сили во Минхен, кој за Гласот на Америка зборуваше преку Скајп:

„Поголемиот дел од континенталните армии на Европа се едноставно неподготвени за било каква воена интервенција, со исклучок на француските вооружени сили. Германските вооружени сили се целосно преоптоварени, немаат доволно средства и опрема.“

Велика Британија одамна се спротивставува на европски воени сили. Но, како што започнуваат преговорите за излегување на државата од ЕУ, поблиската европска воена интеграција е се поизвесна, а Франција го презема водството.

(Хенри Риџвел)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG