Линкови за пристапност

Експерти: Политички земјотрес во Франција


Макрон освоил 23,8 проценти од гласовите, а Ле Пен 21,5 проценти.  На изборите имало излезност од речиси 79 проценти. Вториот круг ќе се одржи за две недели

Конечните резултати од првиот круг претседателски избори, потврдија дека центристичкиот кандидат Емануел Макрон и Марин Ле Пен, од крајната десница, одат во вториот круг гласање, што ќе се одржи на 7-ми мај. Експертите изборите ги опишаа како политички земјотрес во Франција.

Макрон освоил 23,8 проценти од гласовите, а Ле Пен 21,5 проценти. На изборите имало излезност од речиси 79 проценти, а на победникот му е потребно апсолутно мнозинство.

„За една година, направивме комплетна промена во француската политика“, истакна Макрон пред своите симпатизери во неделата. Марин Ле Пен, позната по анти-имиграционата политика, повика дека „сега е време за ослободување на францускиот народ“.

Ова е прв пат во модерната историја на Франција, во трката да успее член на нетрадиционална партија, што важи како показател на длабокото противење за актуелниот естаблишмент. Најновиот исход се чини дека ќе одреди дали Франција ќе остане во ЕУ или ќе оди по патот на Британија.

Експертите и гласачите сметаат дека ова се најнепредвидливите избори од Втората светска војна, наваму. Една третина од гласачите биле неопределени на само неколку дена пред да излезат на гласање.

Незадоволството од естаблишментот, безбедноста, ослабената економија, 10-те проценти невработеност и исламистичкиот екстремизам, се прашања од интерес на гласачите.

Актуелниот претседател Франсоа Оланд, соопшти дека нема да се кандидира за реизбор, откако неговиот рејтинг падна на 4 проценти. Според аналитичарите, ова се должи на серијата терористички напади во Франција и стагнацијата на економскиот растеж за време на мандатот. Тој е првиот претседател во модерната историја на оваа земја, да не бара реизбор на функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG