Линкови за пристапност

Претседателските кандидати се очекува да се осврнат на стапката на невработеност, имиграцијата и безбедноста

Француските претседателски кандидати Марин Ле Пен и Емануел Макрон, вечерва ќе се соочат во телевизиска дебата, единствена во вториот круг избори.

Дебатата, која ќе биде прикажана пред 20 милиони гледачи на двете најголеми телевизиски станици во Франција, се најавува како пресметка на двајцата кандидати.

Се очекува да бидат опфатени сите поголеми прашања од кампањата, вклучувајќи ја високата стапка на невработеност во Франција, имиграцијата и безбедноста која, пак, најверојатно ќе биде точка од голем интерес, со оглед на состојбата во државата по неодамнешните терористички напади.

Макрон има тесно водство пред Ле Пен во анкетите, но тоа значајно е намалено по првиот круг избори на 23-ти април.

Просечното јавно мислење покажува водство на Макрон спрема Ле Пен со 60 наспроти 40 проценти, иако изминативе десет дена, оваа бројка се намали за 3 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG