Линкови за пристапност

Четворица загинати во напад во синагога во Ерусалим


Изрелска екипа за вонредни ситуации ја чисти крвта од сцената на нападот

Изрелска екипа за вонредни ситуации ја чисти крвта од сцената на нападот

Полицијата ги застрелала двајцата палестински напаѓачи

Двајца Палестинци, вооружени со сатар и пиштол, денес упаднале во синагога во Ерусалим за време на утринската молитва и убиле четворица верници, по што полицијата ги застрелала.

Израелски полицаец во близина на местото на нападот

Израелски полицаец во близина на местото на нападот

Нападот се случил во ултраортодоксната област на градот каде има голем број на имигранти од западните земји. Според полицијата, убиените се Израелци со двојно државјанство – тројца со американско, а еден со британско.

Во нападот, што е најнов во серијата растечко насилство во Ерусалим и на Западниот Брег последниве месец дена, биле повредени шест лица.

Маскиран Палестинец во Рафа, Појасот Газа, го слави нападот врз синагогата во Ерусалим

Маскиран Палестинец во Рафа, Појасот Газа, го слави нападот врз синагогата во Ерусалим

Полициската портпаролка Луба Самри ги нарече терористи лицата осмничени за нападот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини милитантната група Хамас и палестинскиот претседател Махмуд Абас за подбуцнување и кажа дека меѓународната заедница го игнорирала истото. Абас преку соопштение го осуди овој и другите напади против цивили, независно кој е одговорен.

Државниот секретар Џон Кери по телефон разговорал со Нетанјаху и му изразил сочувство. Од Лондон, каде се наоѓа во моментов, Кери изјави дека нападот е „акт на чист тероризам“.

XS
SM
MD
LG