Линкови за пристапност

Почина и втората жртва на пожарот во Струмица.

  • Синиша Станковиќ

Струмичката полиција повикала неколкумина граѓани на информативен разговор .

На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје денес почина Пено Стојков (46), вработен во „Македонски шуми“, кој беше донесен од Струмица со тешки изгореници од вчерашниот голем пожар.

Претходно, утрото на клиниката почина и неговиот брат Блажо Стојков (50) исто така вработен во „Македонски шуми“.

Во скопската болница вчера беа донесени четворица потешко настрадани во пожарот. Лекарите се` уште се борат за животот на едно лице, кое е во особено тешка состојба, а поврденото дете кое имало изгореници од втор и трет степен на 40% од површината на кожата, според лекарите не е витално загрозено и се наоѓа во стабилна општа состојба. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 10 повредени со изгореници, меѓу кои се и седум деца, но сите се вон животна опасност.

Пожарот во кој настрадаа 14-мина хоспитализирани, избувна вчера напладне во местото Чамчифлик, и изгоре борова шума на десетици хектари. Тој се проширил и кон градот Струмица, но бил изгаснат вечерта со помош на дождот. Струмичката полиција денес повикала на информативен разговор неколкумина граѓани.

Портпаролот на МВР Иво Котевски изјави дека се прибирале информации дали пожарот е намерно или ненамерно предизвикан и дека кога ќе бидат обезбедени докази, согласно законот. полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Советот на општина Струмица за утре прогласи Ден на жалост.

Градоначалникот Зоран Заев, кој во една од изјавите посака никогаш да не се повтори ваква несреќа, според одделни медиуми вчера се повредил додека има помагал на загрозените од пожарот.

Според скопската ТВ Канал 5, која се повикува на податоците јна ЈП „Македонски шуми“, најголема штета од пожарите имало во 2000-та година, кога изгореле 33.000 хектари шума или 570.000 кубни метри дрва, со штета од 16 милиони евра. Слично било и во 2007-ма, кога имало 620 пожари во кои изгореле 40.000 хектари шума со штета од околу 11 милиони евра. Од почетокот на годинава, во Македонија имало 175 пожари, со штета од околу 1,3 милиони евра.
XS
SM
MD
LG