Линкови за пристапност

Форбс: Владимир Путин - најмоќен човек на светот


Според овој магазин, на второ место се најде германската канцеларка Ангела Меркел, а на трето американскиот претседател Барак Обама

„Путин продолжи да докажува дека е еден од малкуте луѓе во светот, кој е доволно моќен да прави што сака и да нема последици“ објави магазинот кој веќе три години по ред, го рангира рускиот претседател на чело на популарната листа на Форбс.

Германската канцеларка Ангела Меркел, го презеде второто место од американскиот претседател Барак Обама, кој оваа година, заврши трет. Ова е прв пат, американски претседател да не е на едно од првите две места на рангирањето на списанието Форбс, кое се спроведува последните седум години.

Папата Франсис е прогласен за четврт по ред најмоќен човек, исто како и лани, а кинескиот претседател Кси Џинпинг е на петтата позицијата, пад од две места од лани.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, има најдобар напредок, правејќи скок од 22 позиции. Сега е на 49-то место.

Претседателските кандидати за изборите во САД следната година Хилари Клинтон и Доналд Трамп се на листата на Форбс. Рангирани на 58-то и 72-то место.

Највисоко рангиран на листата од новите кандидати е саудискиот крал Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, кој е 14-ти.

Од „Форбс“ велат дека при изборот на најмоќни луѓе неколку фактори се земаат во предвид, вклучувајќи ги „висината на финансиски средства што ја контролираат, бројот на луѓе врз кои имаат влијание, севкупниот домен на влијание и колку активно ја користат моќта што ја имаат.“

XS
SM
MD
LG