Линкови за пристапност

Актерките од Кина и од Боливуд најплатени


88th Academy Awards - Jennifer Lawrence

88th Academy Awards - Jennifer Lawrence

Први на листата на „Форбс“ се Џенифер Лоренс и Мелиса Мекарти, а најплатените актери ќе бидат објавени в четврток

Боливудска ѕвезда и кинеска актерка се најдоа на годишнава листа на „Форбс“ за најплатени актерки.

На првото место повторно се најде Џенифер Лоренс, која најголемиот дел од заработувачката го оствари со улогата во последното издание на филмот „The Hunger Games“.

Според Форбс, актерката добила и солиден аванс за трилерот „Passangers“, во висина од 46 милиони долари.

Веднаш зад неа е актерката Мелиса Мекарти, која заработила висока плата за римејкот на „Ghostbusters“, а годишниот приход стигнал до 33 милиони долари.

Кинеската актерка Фан Бингбинг е петта на листата, со приход во висина од 17 милиони долари. Фан, која е доста популарна во Кина, од неодамна го освојува и Холивуд.

Втора година по ред, таа се наоѓа на листата на најплатени актерки.

Нова актерка која се најде на листата е Депика Падуконе, со 10 милиони долари.

Останатите жени на листата се Американки: Скарлет Јохансон е трета, со 25 милиони, а Џенифер Анистон е четврта, со заработка од 21 милион долари.

Шарлиз Терон, Ејми Адамс, Џулија Робертс и Мила Кунис ја заокружуваат листата.

Актерките од Холивуд и од Боливуд ја потенцираа огромната разлика во платите помеѓу актерките и актерите.

Џенифер Лоренс неодамна дискутираше за информациите кои протекоа, а според кои, таа и нејзината колешка Ејми Адамс (петта на овогодишната листа по заработувачка), биле значително помалку платени во споредба со нивните колеги, за филмот номиниран во десет категории за Оскар.

Лоренс лани јавно вети дека во иднина ќе се обиде да биде подобар преговарач за следните проекти на кои ќе работи.

Листата за најплатени актери „Форбс“ ќе ја објави во четврток. Минатата година, Aмериканскиот актер Роберт Дауни Џуниор, ѕвездата на „Iron Man“ и на „Sherlock Holmes“ беше на првото место.

XS
SM
MD
LG