Линкови за пристапност

Сушата и цената на храната


Половина од територијата на САД е под суша, што се одразува на земјоделските култури, а домино-ефектот продолжува и на цените на прехрамбените производи.

Лето е само неколку недели, но веќе има знаци дека може да е рекордно. Годинава би можела да биде особено тешка за земјоделците во САД, вели стручњакот Тери Рогенсак.

Ова е една најсушните години од 1988-ма наваму

„Ова е една најсушните години од 1988-ма наваму и има огромно влијание на репродуктивниот период за пченката, а во наредните три недели и за сојата.“

Без дожд на повидок, фармерот Мет Хјуз би можел да загуби третина од жетвата. Вели, вложил многу труд, „а ќе испадне дека бил за ништо.“

Акциите за пченката веќе скокнаа за преку 30 проценти од мај, а за сојата преку 20 проценти. Тоа ќе значи повисоки цени за лебот, млечните производи и месото, и не само за американските потрошувачи.

Економистот Шринивас Тирувадантаи од Центарот за прогноза Џероми Леви објаснува:

„Доколку одгледувате свинско месо во Кина, која е една од најголемите конзументи на овој вид месо во светот, цената на свинското ќе зависи од цената на храната со која се хранат свињите.“

Економската и политичка нестабилност ширум светот само ќе го зголеми проблемот. Без дожд и пониски температури во американските земјоделски региони, Тирувадантаи не ја исклучува можноста од недостиг на храна, па дури и глад во земјите кои се зависни од континуираниот и обилен увоз од САД.
XS
SM
MD
LG