Линкови за пристапност

Македонија на карта од конец во Вашингтон


Традиционалниот фолк фестивал годинава е во знакот на имиграцијата, животот на Баските и звуците на Калифорнија

Македонија беше обележана на специјална карта од конец, која се изработува на годинешниов традиционален фолк фестивал, на Националното шеталиште во Вашингтон.

Организаторите на фестивалот велат дека традицијата и културата на македонските иселеници биле спомнувани на фестивалот со години наназад.

Еве што вели Стивен Виласказ, кустос во Музејот за национална историја на Америка.

„ Убеден сум дека имаме македонски документи овде, и се разбира на овој фолк фестивал имаме материјали од одржувањето на овој фестивал низ годините, при што се обидуваме да ги документираме различните култури, кои го споделуваат нивното искуство во САД. Мислам дека имигрантите се многу важни, бидејќи независно кога дошле тука, придонеле за оваа земја“.

Тој додава дека преку имиграцијата се формирани многу заедници во Америка.

„ Има доброволна имиграција, очигледно, луѓе доаѓаат овде во потрага по подобар живот, по екномски можности, некои доаѓаат заради кофликт и затоа што се што сте принудени. На тој начин се формирани и многу заедници во раната историја на САД“, вели кустосот.

Освен делот за имигрантите, низ шеталиштето има шатори за дегустација на вино и храна, рачна изработката на накит од трска и од други природни материјали, како и сцени со традиционални ора на Баските и концерти со музика карактеристична за Калифорнија.

Џејмс Маер, портпарол на фолк фестивалот го нагласи македонскиот печат на оваа историска манифестација.

„Сме имале на фестивалот Македонци и Македонски Американци во речиси педесетгодишната историја на фестивалот, почнувајќи од 1967-та година“, кусо изјави тој.

Не` испратија маските на уметникот Алекс Васавез од Мексико, кој на фестивалот продал дури три од нив. Цените се движат и до седумстотини долари, вели тој, во зависност од времето потребно да се изработат.

XS
SM
MD
LG