Линкови за пристапност

Тројца студенти повредени во пукотница на Универзитетот на Флорида


Полиција го обезбедува местото пред библиотеката на Државниот универзитет на Флорида во Талахаси

Полиција го обезбедува местото пред библиотеката на Државниот универзитет на Флорида во Талахаси

Напаѓачот отворил оган во библиотека, по што го застрелала полицијата

Вооружено лице рано утрово отворило оган во библиотека на Државниот универзитет на Флорида во Талахаси, при што ранило тројца студенти. Полицијата кусо време потоа го застрелала.

Стотици студенти во библиотеката се подготвувале за испити кога се случил нападот. Голем број од нив се сокриле меѓу редовите со книги и под масите, или пак истрчале од библиотеката. Напаѓачот истрелал барем четири куршуми.

Полицијата соопшти дека двајца од ранетите студенти биле пренесени во локална болница, додека на третиот, којшто бил со полесна повреда, му била укажана помош на самото место. Властите наведуваат дека го пресретнале напаѓачот кога излегувал од библиотеката и му наредиле да го предаде оружјето, но тој не послушал и отворил оган кон полицијата, по што таа смртно го затрелала.

Ова е најнов инцидент во серијата пукотници во американските образовни институции последниве години. Инцидентите повлекоа дебата за законите за контрола врз оружјето, но Уставот на земјата го гарантира правото на сопствеништво на оружје, така што обидите на поборниците за построга легислатива беа отфрлени.

XS
SM
MD
LG