Линкови за пристапност

Најмалку 37 жртви од поплавите на Балканот


Десетици илјади лица останаа без дом; Папата бара светот да се моли за Балканот

Поплавите во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија одзедоа 37 животи, а десетици илјади лица останаа без покрив над глава.

Голем дел од регионот и натаму е под вода, додека продолжуваат спасувачките напори. Погодените жители се евакуираат со чамци и армиски камиони. Поголемиот дел од регионот нема струја.

Поплавите предизвикаа повеќе од 2.000 случаи на лизгања на земјиште и открија мини останати од балканските војни на почетокот од 1990-тите.

Руски карго-авиони и хеликоптери од ЕУ помагаат во спасувачките напори.
Стручњаците велат дека големите воздушни струи задржале голем фронт над Балканот, истурајќи дожд во количина вообичаена за период четири месеци, во само неколку дена.

Папата Францис бара од светот да се моли за жртвите на најлошите поплави што го погодиле Балканот за повеќе од еден век.

Во неделната миса папата во Ватикан кажа дека чувствува лична блискост со оние кои минуваат низ болка и тешки времиња.
XS
SM
MD
LG