Линкови за пристапност

Кризата во евро-зоната главен виновник за забавениот растеж


Фич рејтингс: должничката криза во Европа го отежнува глобалното закрепнување.
Фич рејтингс: должничката криза во Европа го отежнува глобалното закрепнување.

Негативните кредитни изгледи двојно зголемени, наведува агенцијата Фич рејтингс во најнов извештај.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич рејтингс смета дека континуираната загриженост поради кризата во евро-зоната, како и неодамнешните зголемувања на негативните кредитни изгледи, и натаму го отежнуваат глобалното економско закрепнување.

Во извештајот објавен денеска, агенцијата со седиште во Њујорк наведува дека бројот на негативни кредитни изгледи приближно двојно се зголемил во повеќе сектори: меѓународно јавно финансирање, осигурување и финансиски институции. Суштината на проблемот, според Фич, е се` подлабоката должничка криза во Европа.

Фич прогнозира глобалниот бруто-домашен производ во 2012-та да биде 2,2%, за разлика од 2011-та, кога изнесуваше 2,7%.
Фич прогнозира глобалниот бруто-домашен производ во 2012-та да биде 2,2%, за разлика од 2011-та, кога изнесуваше 2,7%.
Тревор Питман, регионалниот кредитен претставник на Фич за Европа и Источна Азија-Пацификот, за Гласот на Америка изјави дека кризата најверојатно ќе продолжи.

„Не мислиме дека евро-зоната ќе се распадне, но предизвиците во справувањето со кризата во неа и натаму се значителни и ќе биде потребно извесно време да се преземат политички мерки“, рече Питман.

Фич вели дека стравувањата дека Грција ќе преземе потенцијално погубен чекор и ќе ја напушти евро-зоната се намалиле по парламентарните избори во земјата во јуни, но сепак предупредува дека може да дојде дури и до поголема кризна ситуација доколку европските лидери не изнајдат „кредибилен и суштински“ план за поголема интеграција.

Според агенцијата, најновите негативни индикатори покажуваат дека „длабочината и јачината“ на глобалното економско забавување ги надминале првичните очекувања. Таа во последниве 12 месеци ги ревидираше своите проценки за глобалниот растеж и сега очекува глобалниот бруто-домашен производ да забави на 2,2% во 2012, за разлика од 2011-та, кога изнесуваше 2,7%.
XS
SM
MD
LG