Линкови за пристапност

Поблиску до компромис, но дали подалеку од „фискалната бездна“?


Разговорите во оваа фаза - во четири очи: Џон Бејнер и Барак Обама

Разговорите во оваа фаза - во четири очи: Џон Бејнер и Барак Обама

Без оглед што ги приближија ставовите, проблемот за Обама и Бејнер е како да ги убедат своите сопартијци да го поддржат компромисот.

Првите американски лица се се` поблиску до компромис што би ја избегнал „фискалната бездна“ - наглото зголемување на даноците и кратењето на клучните владини програми што автоматски би настапило на 1-ви јануари доколку не постигнат договор.

Иако се` уште има пречки и претседателот Барак Обама и републиканските противници во Конгресот се` уште спорат околу деталите, денес се појавија индиции дека е можен договор.

Обама во предизборната кампања повика на укинување на даночните олеснувања за најбогатите семејства - оние кои заработуваат над 250.000 годишно. Сега, пак, вели дека е подготвен да ги задржи даночните олеснувања за оние кои заработуваат до 400.000 годишно. Џон Бејнер, претседателот на Претставничкиот дом во кој контрола имаат републиканците, наведува дека неговите сопартијци сакаат олеснувањето да ги опфати оние кои заработуваат до 1 милион долари годишно.

Белата куќа возврати дека барањето на Бејнер „не бара доволно од најбогатите“. Водачот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид најави дека дури и во случај предлогот на Бејнер да мине во Претставничкиот дом, ќе биде отфрлен во Сенатот.

Обама го редуцираше и своето барање за повисоки даноци во текот на наредната деценија од 1,4 на 1,2 трилиони долари, а најави и дека би се согласил на републиканскиот повик за ограничување на трошоците за владините пензии преку менување на начинот на кој се пресметуваат годишните зголемувања.

Без оглед што се се` поблиску до договор, проблемот за Обама и Бејнер е како да ги убедат своите сопартијци да го поддржат компромисот. Демократите по правило се против промени во пензиските програми, додека републиканците се против поголеми оданочувања.
XS
SM
MD
LG