Линкови за пристапност

Нова награда за убиство на креаторот на анти-муслиманското видео


Оваа е удвоен износ од оној на пакистански министер кој понуди 100.000 долари.

Уште еден пакистански политичар понуди награда за убиство на продуцентот на анти-муслиманското видео објавено на Интернет, во кое се исмејува пророкот Мухамед.

За време на собир во северозападниот град Пешавар, поранешниот пакистански законодавец Икрамула Шахид соопшти дека би обезбедил 200.000 долари за секој кој би го убил креаторот на видеото. Аматерското видео направено во САД поттикна масовни протести од муслиманите ширум целиот свет.

Понудата на овој политичар уследи по онаа на Гулам Ахмад Билаур, пакистанскиот министер за железнички сообраќај, кој вети 100.000 долари за убиство на продуцентот.

Во интервју за Радио Слободна Азија, министерот Билаур изјави дека ја понудил наградата „од почит за пророкот“ и бидејќи САД „нема да усвојат закони“ за да го спречат насилството поттикнато од филмот.
XS
SM
MD
LG