Линкови за пристапност

Блатер и Платини – надвор од фудбалот во следните осум години!


Поранешниот претседател на ФИФА Блатер не ја признава одлуката и вели „ќе се вратам“

Контроверзниот Сеп Блатер, во понеделникот кратко изјави „јас ќе се вратам“ откако Комитетот за етика на ФИФА донесе одлука да ги отстрани од спортот во следните осум години заедно со Мишел Платини, претседателот на Европска фудбалската асоцијација (УЕФА).

„Можете да ме наречете оптимист“ коментираше Блатер.

Комитетот поведе постапка против Блатер и Платини поради префрлање на два милиони долари на Платини од страна на Блатер во 2011-та година. Швајцарските јавни обвинители започнаа криминална истрага за оваа трансакција.

Блатер изјави „никогаш не сум мамел со пари“ објаснувајќи дека со Платини направиле усмен договор за два милиони долари. „Јас сум засрамен од неумереноста на Комитетот. Овој Комитет нема право да оди против претседателот.“, изјави поранешниот претседател на ФИФА.

Судиите на ФИФА изјавија дека доказите за овој договор се „недоволно убедливи и се одбиени“.

Во Цирих, Блатер се опиша себе си како „човек од принципи“. Тој кажа дека негови две животни принципи се „никогаш не земај пари кои не си ги заработил, и отплаќај си ги долгови.“

XS
SM
MD
LG