Линкови за пристапност

Генералниот правобранител ветува нови правила за полицијата


Ерик Холдер ова го соопшти по првата од серијата регионални средби чија цел е да се подобри односот меѓу населението и полицијата, по настаните во Фергусон.

Американскиот генерален правобранител, Ерик Холдер, вели дека ќе ги изложи упатствата за прекин на расното профилирање како одговор на неодамнешното убиство на невооружен црн тинејџер од страна на бел полицаец во централноамериканскиот град Фергусон, во Мисури.

Холдер ова го соопшти во понеделник во Атланта, во историската Баптистичка црква Ебенезер, која некогаш била предводена од свештеникот Мартин Лутер Кинг, починатиот водач за граѓански права во САД. Новите упатства ќе се однесуваат само на федералните агенции за спроведување на законот.

Генералниот правобранител беше во Атланта да се сретне со спроведувачите на законот и лидерите на заедницата на прва од серијата регионални средби низ државата, на кои тема е подобрувањето на односите меѓу заедниците и главно црните и хиспански жители со локалните полициски сили.

Претходно во понеделникот американскиот претседател Барак Обама кажа дека Американците кои не се бели, чувствуваат дека не се третирани на фер начин од полицијата, креирајќи, како што рече, „тлеечка недоверба“ во заедниците и ослабување на државата.

Обама зборуваше за време на средбата со лидерите за граѓански права и претставниците на спроведувачите на законот во Белата куќа, каде предложи намена на 260 милиони долари за полицијата во целата држава.

XS
SM
MD
LG