Линкови за пристапност

Пукотница во Фергусон на годишнината од загинувањето на Мајкл Браун


Неидентификувана жена реагира по синоќешната пукотница во Фергусон, сојузната држава Мисури

Неидентификувана жена реагира по синоќешната пукотница во Фергусон, сојузната држава Мисури

Полицијата застрела едно лице за коешто вели дека отворило оган на полициско возило

Лицето коешто вчера отвори оган врз полицијата во Фергусон, сојузната држава Мисури е во критична здравствена состојба откако полицијата возврати на огнот и го застрела, истиот ден кога се одржуваа мирни протести по повод првата годишнина од инцидентот во којшто полицаецот-белец Дарен Вилсон го застрела тинејџерот-црнец Мајкл Браун.

Според шефот на полицијата на Општината Сент Луис, Џон Белмар, детективи го следеле лицето за кое стравувале дека е вооружено. Тоа подоцна учествувало во престрелка меѓу две групи, пред да отвори оган на возилото на детективите, а тие возвратиле. Според медиумски наводи, се работи за 18-годишниот Тајрон Харис џуниор, близок пријател на 18-годишниот Браун когошто полицаецот Вилсон го застрела пред една година, по што избија немири во гратчето.

Шефот на полицијата потенцираше дека пукотницата нема никаква врска со мирните демонстрации.

XS
SM
MD
LG