Линкови за пристапност

Убиено лице со можни врски со бостонскиот бомбашки напад


ФБИ во инцидент во Орландо го убил Ибрагим Тодашев, кој го знаел осомничениот Тамерлан Царнаев

Извештаи од Флорида велат дека агент на ФБИ застрелал лице за кои имало сомневање дека е поврзано со бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.

Инцидентот се случил во градот Орландо. Локелен весник, Орландо сентинел, кажа дека пријател го идентификувал застреланиот како 27-годишниот Ибрагим Тодашев.

Пријателот за локалните медиуми кажал дека Тодашев бил под истрага како дел од бостонскиот напад и го знаел осомничениот Тамерлан Царнаев преку боречките вештини.

ФБИ кажа дека еден од нивните агенти бил инволвиран во инцидентот во Орландо.

Тамерлан Царнаев загина во престрелка со полицијата неколку дена по нападот на маратонот.

Џохар Царнаев се држи по обвинение дека работел со неговиот брат на двојната експлозија во која загинаа три лица и беа ранети 264 други, на 15 април.
XS
SM
MD
LG