Линкови за пристапност

Сесно: Отпуштањето на Коми додава на конфузијата за пораката на администрацијата


Да отпуштите лице кое води истрага за администрацијата, покренува бројни прашања за мотивот, како и за тоа дали е легитимно или не, вели Франк Сесно, директор на Школата за медиуми и односи со јавност при Универзитетот Џорџ Вашингтон, од кого побаравме коментар за чекорот на претседателот Доналд Трамп да го разреши директорот на ФБИ Џејмс Коми од функцијата.

„Ако администрацијата сака да биде целосно чиста по ова прашање, ќе речеше дека ќе го отпушти Коми, но, за да нема сомнежи и прашања, ќе поддржи специјален обвинител да го истражува случајот со Русија. Тоа не беше направено“, вели Сесно.

Според него, останува нејасно дали одлуката е донесена за да се дисциплинира ФБИ, или да се отстрани личност од агенцијата што ја предводи истрагата за администрацијата.

Голем проблем е, вели што претседателот Трамп и актуелната администрација немаат доследна порака, и дека изненадни одлуки само додаваат на „конфузијата, сомнежите и на шпекулациите, што на долг рок не и` користи добро на владата“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG